Доцни платата за месец мај во Јавната установа за заеднички служби при Клиниките, а на жиро сметката имаат блокади од скоро 200.000.000,00 денари, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму тврдат дека со ова, исплатата на плата и за месец јуни е доведена под прашалник.
– Некадарноста и лошото менаџирање со оваа установа покрај неспособноста да обезбедат плати за вработените придонесоа оваа јавна установа да е најголем должник. Во институцијата има вработено 190 лица кои заедно со медицинскиот персонал доаѓаа на работа во КОВИД кризата.
Прашуваме: Дали министерот кој се чудеше што работи оваа институција, сместена во срцето на клинички центар, на овој начин сака побрзо да го спроведе најавеното затварање на истата?
Кој ја контролира работата на оваа Установа и кои нерегуларности се откриени? Кој ќе сноси одговорност за ваквото неодговорно однесување на менаџментот?
Ова претставува уште еден показател за расипничкото однесување на оваа Влада која потребно е да замине час поскоро со цел итен ремонт за целосно рестартирање на здравствениот систем, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.