Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов, на прес конференција истајна дека Владата на СДСМ и ДУИ единствено се занимаваат со лични и партиски интереси. Како што посочи Николов, сведочиме само на разнебитување на јавното здравство, а целата состојба со арбитражната комисија за клинички центар се крие во тајност.
Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од одржаната прес конференција на доктор Игор Николов:
– Владата и министерството за здравство прават се друго, освен да се грижат за здравјето на граѓаните. Како тргнале, Владата на СДСМ и ДУИ веројатно ќе биде единствена во свет, која што ќе плаќа казни за неизграден Клинички центар. Иако имаа полни усти транспарентност, денес единствено се занимаат со спроведување на лични и партиски интереси.
За најголемата стратешка грешка во здравството, досега немаат преземено апсолутно ништо за да ја намали штетата по државниот буџет. Целата состојба со арбитражната комисија за клинички центар се крие во тајност. Времето тече, а штетите по буџетот можат да бидат огромни. Прекинувањето на договорот за нов клинички во Скопје според информациите во јавноста може да чини и повеќе од 18 милиони евра.
Последните информации во јавноста, говорат дека е ангажирана странска адвокатска компанија која за баснословни хонорари ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизграден клинички центар. Доколку се мислеше за јавното здравје и здравјето на граѓаните, тие до сега ќе изградеа клинички центар.
Во меѓувреме, сведочиме само на разнебитување на јавното здравство. Лаги како мегаломански проект од кој што нема ниту трага, ниту глас.
Сведоци сме само за трошење на народни пари и ништо повеќе. Никаква инвестиција во медицинскиот персонал, ниту пак кадровска политика, никаква инвестиција во услови за работа и ниту пак за лекување на пациенти, никаква инвестиција во инфраструктура која што се заснова најчесто на донации.
Се добиваат само вести за поплавени згради на стариот клинички центар и само вести за казни за неградење на нов клинички центар. Со оваа Влада парите на народот, се потрошени на корупција од страна на функционерите на СДСМ и ДУИ и нивните партнери.
Низата на стратешки грешки на оваа Влада на СДСМ и ДУИ е огромна. Заради тоа таа мора да замине час поскоро!