Во однос на вакцино-превентабилните заболувања, регистрирани се вкупно 19 лица со заболувања против кои се спроведува задолжителна имунизација (без туберкулоза). Пријавени се 12 лица со вирусен хепатит Б, кои согласно Календарот за имунизација не подлежат на вакцинација и не се вакцинирани. Пријавени се три случаи на заразни заушки кои припаѓаат на возрасната група од 5-9 години, две лица се од Скопје, едно од Тетово. Согласно вакциналниот статус на заболените, едно лице е вакцинирано со две дози МРП вакцина, едно е вакцинирано со една доза, а за еден случај нема податок за вакцинација. Кај трите случаи дијагнозата е поставена клинички. Во текот на месец мај регистрирани се три случаи на голема кашлица, сите од Скопје. Првиот случај е дете на двомесечна возраст, кое не подлежи на вакцинација согласно Календарот за имунизација. Дијагнозата е потврдена во лабораторијата во ИЈЗ. Останатите два случаи се на 11 и 12 месечна возраст, едниот случај не е вакциниран со вакцина која содржи компонента против голема кашлица, а за другиот нема податок за вакцинација. Кај овие случаи дијагнозата е поставена клинички односно нема податок за лабораториска потврда. Регистриран е еден случај на мали сипаници кај 38 – годишно лице од Скопје, кое согласно вакциналниот статус е невакцинирано со МРП вакцина. Според епидемиолошките податоци, болеста е најверојатно стекната во странство, односно станува збор за импортиран случај. Болеста е лабораториски потврдена во Вирусолошката лабораторија во ИЈЗ. Лицето е хоспитализирано и лекувано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Импортиран случај на морбили кај 38 годишен маж, три бебиња со магарешка кашлица, три со заразни заушки – Опасните болести се враќаат во Македонија!
Во однос на вакцино-превентабилните заболувања, регистрирани се вкупно 19 лица со заболувања против кои се спроведува задолжителна имунизација (без туберкулоза). Пријавени се 12 лица со вирусен хепатит Б, кои согласно…