Вчера во 20.10 часот во Полициската станица Драчево, Е.Џ. (43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот во угостителски објект во нејзина сопственост на ул.„Бранко Заревски“, Ж.А. (28) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир.
Според пријавеното, тој бил под дејство на алкохол и во еден момент почнал непристојно да се однесува, да превртува маси и да крши чаши.
Една чаша скршил од својата глава и се повредил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “.
По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.