Во Клиниката за гинекологија вчера попладне бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна, информираше МВР во дневниот билтен.
Лицата како што информираат од МВР од размениле удари со раце и нозе во пределот на главата и телото. Неофицијално еден од учесниците во тепачката бил татко на новороденче и се нафрлил на двете лица кои биле ангажирани како обезбедување на Клиниката бидејќи не го пуштале да влезе внатре да ги види родилката и бебето зошто не било време за посета.
Од МВР велат дека после инцидентот сочинети се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.