Во велес само двајца гинеколози на неколку градови, Филипче дава одговор, решението што го имаме нема веднаш да даде резултати. Каков министер си ти ако ваквите проблеми во здравството не може да ги решиш експресно брзо и квалитетно? Прашуваат пациентите
Шестотини породувања годишно, а само двајца гинеколози кои работат во велешкото породилиште. Еден од нив е д-р Ристо Гашев кој повеќе од 25 години работи како доктор. Пред една година требало да се пензионира, но одлучил да продолжи да работи, бидејќи ако и тој замине болницата ќе остане само со еден гинеколог.
„Од повеќе доктори специјалисти гинеколози кои што бевме – седум, осум пред неколку години се редуцираше бројот само на двајца, јас и доктор Тренчев. Од денеска сме само двајца.“ – вели д-р Ристо Гашев – Гинеколог.
Велешкото породилиште покрива пацинентки не само од Велес туку и од другите околни градови. Најмалку 5 гинеколози се потребни за да може да се одговори на потребите. Засега на помош доаѓаат доктори од скопската клиника.
„се надеваме дека ќе продолжи соработката за да остваруваме 24 часовна заштита.“ – вели д-р Аристотел Тренчев – Гинеколог.
Освен гинеколози недостатусваат и анетстезиолози, поради што гинеколошките операции се сведени на нула, а пациентите мора да се препраќаат во Скопје.
„Гинеколошкиот дел е сведен на нула и во наредниот период се надеваме дека ќе се вратат и операциите во Велес.“ – вели д-р Димитар Стровјански – Директор на Општа болница Велес.
Министерот за здравство вели дека проблемот со недостатокот од кадар ќе го решава со доедукација и специјализација на доктори во Германија и Холандија. Сепак вели нема решение кое веднаш ќе даде резултати.
„Направен е увид на сите родилишта во земјата, идентификувани се сите проблеми, нема значајни отстапувања освен во кадарот во некои од нив. Сега правиме анализа како тој број доктори кои недостигаат да го надополниме. Се планира прием на лекари, решение кое веднаш нема да даде резултати. Затоа во соработка со Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се праќаат гинеколози таму каде треба во родилиштата ширум земјата“ – додаде Филипче.