Подобрена здравствената состојба на 14 годишното девојче од Охрид на кое му било констатирано дијабетес. Девојчето кое се уште било приклучено на апарати за дишење на клиниката за интензивна нега во Скопје, полека закрепнува, велат од министерството за здравство.
Од таму додаваат дека не станувало збор за лекарска грешка, како што велат од здружението на дијабетичари, туку дека родителите не ги однесе своите деца на преглед.
Инаку, дијабетесот на 14 годишното девојче и бил констатиран во охридската болница, но отровите во крвта дополнително и ја влошиле здравствената состојба. Родителите дознале дека нивното дете има сериозен проблем откако паднало во кома.
Од асоцијацијата на деца дијабетичари се сомневаат дека лекарите во Охрид не успеале навреме да го откријат труењето на организмот предизвикано од дијабетесот.
Од Детската Клиника вчера посочија дека ја следат состојбата, а денеска директорката Катерина Ставриќ во телефонски разговор, не сакаше да каже ништо.
Освен девојчето од Охрид, уште едно двегодишно, и 4-годишно дете неделава биле хоспитализрани на детската клиника со дијагноза дијабетес коишто на опасен начин дознале дека се болни.
Дали децата биле правилно и навремено лекувани одговор треба да даде државниот инспекторат за здравство.
Инаку, децата се од Охрид, Гевгелија и Свети Николе, градови, каде за жал нема доволно медицински кадар, а уште помалку обучен за специфични и ретки заболувања.
Асоцијацијата бара министерството за здравство во рок од 48 часа да ги истражи овие случаи, а сите одговорни за трагедијата со трите деца и кривично да одговараат.