Комисијата за жалби по јавни набавки ги прифати жалбите поднесени од три фирми во врска со тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, имунолошки, хематолошки, коагулациски и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за јавните здравствени установи.
Сега Министерството за здравство и официјално треба да го поништи тендерот на кој имаше само една понуда, а на трите економски оператори кои се жалеле, треба да им исплати по 26.000 денари.
Според неофицијалните информации, Министерството за здравство наредната недела ќе распише нов тендер за истата набавка, но засега оттаму не кажуваат дали ќе ги прифатат забелешките што ги дава Комисијата, напишани на 10 страници.

Нормално отидоа 78.000 денари за покривање на тоа што се проба да се намести и око не сака да му трепне на министерот тој си тера по агенда и понатаму, „тендерот мора да се намести“. Еве на што веќе не предупредуваа и потсетуваа од опозицијата меѓутоа колку народот и да се бунеше власта ни го донесе и го постави за министер, сега тука е ама тоа не значи дека треба да го трпиме, народот и јавноста јасно и гласно кажуваат ваков министер не сакаме. Оставка!

Кога некој е решителен ете тоа како изгледа, но да се биде решителен и да се при тоа заврши некоја од постоечките работи по клиниките или клиничкиот центар кои што лежат во воздух и се проблем секој би го сакал и посакувал како министер Филипче и би барале да му се продолжи мандатот кога ќе му дојде време, ама вака со прикривање, подметнување, фаворизирање а сите знаеме зошто ги фаворизираш одредени компании, неможе!

 

Вака министер не се останува и со работата што ја имаш утнато, несработено и ненаправено, уште помалку си актуелен и сакан помеѓу македонскиот пациент – му порачаа пациентите од клинички центар на Филипче.