Додека министерот агитира за референдум и го троши времето на пропаганда за пропаст на Македонија, неговата работи стои и е запоставена. Како што е тоа случај во текот на целиот негов мандат од самиот почеток до сега.
Сликата по болниците и клиниките ширум републиката, особено на клиничкиот центар во Скопје е отприлика ваква.
Нечисти клинички дворови, хаос и нечистотија насекаде, негрижа за пациентите, нецелосна услуга, медицински персонал кој заминува или е неуслужлив, доктори кои заминуваат или ги нема се недостапни, отпад, смет, инфекции, пациенти после операција испратени дома на лекување со инфицирани рани, родилки кои се починати поради докторска грешка, новороденчиња кои се починати поради докторска грешка, здравството во хаос, нема основни средства за функционирање на детска клиника, на истата клиника подрумот претворен во депонија, тоалетна хартија е проблем, сапун нема, а министерот распишува тендер за проект од 50 илјади евра, министерот договара набавки во 4-ри очи, министерот мести тендери од 35 милиони евра, тендери доделувани на роднини на блиски директори на клиники, вработувања пред референдум по 40-тина дневно, а нема плати за специјализантите само лаги и влечење за нос и списокот продолжува понатаму.
Секој граѓанин на Македонија кој што на своето работно место не ги извршува навреме, одговорно, во согласност со институцијата и во интерес на државата работните задачи и обврски веднаш треба да се отстрани од соодветното работно место, да му биде врачен отказ и доколку при неговото работење ја злоупотребил својата функција за лично богатење да одговара кривично според законот на Македонија.