На намерата на надлежните здравствени власти децата без потврда за вакцинација да не се пуштаат во градинка или училиште реагиаат активисти за правата на пациентите кои се против вакцинацијата. Сметаат дека станува збор за репресивни мерки и не им се остава на родителите да имаат право на избор што се коси и со законот за правата на пациентите.
-Кој што налага информирана согласност пред било каква интервенција. Репресијата е ментална (психичка) да се ограничи правото на детето на образование и економска со глоби кои се многу високи и немаат основ, изјави Дарко Ѓорѓиев, активист за правата на пациентите.