Апел до докторите кои земаат 100.000 денари плата нека се пријават и нека покажат! Таков доктор во државата нема, посебно не од тие кои добија сега покачување и сега им се зголемија платите.
НЕ треба само на хартија да личи здравството, тоа треба да се гледа на лице место, по ходниците, во амбулантите, по клиниките, во операционите сали, насекаде треба да биде во ред за да може пациентите и болните да кажат дека има напредок, промена на подобро и дека работите се подобруваат. Зборењето дека се е во ред, а да нема персонал, неуслужливи да се персоналот, да нема при поголема интервенција кој да ве оперира или да нема сала слободна, да имате вработено преку 3200 лица во медицина со различен профил и образование само затоа што се партиски војници и послушници, да не одговараат соодветно на струката и да го немаат потребното предзнаење е страшно, а при тоа се останато да е во хаос, смет и да не функционира, тешко дека ќе ви помине лагата!
Пробуваат вечерва министерот за здравство Филипче, заедно со Заев, Манчевски и Царовска да ја покажат добрата страна на оваа влада на народниот сервис МРТ. но и покрај сите заложби и здружно лажење и подлажување, некако не им успева транспарентно да ги излажат гледачите. Под прекривката на транспарентноста потрошија се, сега останува само голата вистина а таа е малку потешка за криење кога е вака сурова, како што направија, предизвикаа и ја обезбедија овие неколку министри и владата во овој состав на Р. Македонија.
Не му поминува на Филипче ниту лагата за тендерот за кој сега се збори дека е „најдобро“ смислениот од оваа влада. А всушност е тендер даден на близок човек на власта и се однесува за стерилизација на инструментите и облеката на хирурзите. Повторно станува збор за нешто што претходно беше напоменато да се обрне внимание и дека треба да се алармира и реагира од опозицијата, ама немаше кој.
Денес излезе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека на тендерот за стерилизација учествуваат само две фирми. Се работи за 2-те фирми активни на тендерот а кои се поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај. Тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонета. Па, сега нека пресуди јавноста дали и ова не е сомнителна зделка? Колку Министерот Филипче и Заев се во право или НЕ? Колку се транспарентни во сите процеси и колку тие гледаат за добробит и благосостојба на граѓаните?
Каде е транспарентноста на оваа влада и на ова министерство за која се збори цело време, престанете со лаги, народот упатува апел до министрите, престанете со манипулација. Провидно е, не ви поминува!