Работни места за лекари во Германија, курсеви по германски јазик за медицински персонал се само дел од понудите на интернет со кои се привлекуваат младите македонски доктори по медицина да заминат во странство . Според податоците од истражувањето на Лекарската комора на Македонија вкупниот број емигрирани лекари е приближно 12% од лиценцираните лекари, со тренд на пораст. Најпожелни дестинации се: Германија, Словенија, Блискиот Исток, Северозападна Европа и Швајцарија. Најзначајни фактори што ја поттикнуваат емиграцијата се: невработеноста, немањето пристап до рана и квалитетна доедукација, обука и специјализација, како и финансиите.
Македонските болници се празнат. Но не од пациенти туку од лекари. Профилот на македонскиот лекар емигрант е: маж, просечна возраст 39,7 години. Д-р Божидар Кочоски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари истакнува дека на оваа возраст лекарот кој заминува се наоѓа во најплодните години и е во врвот на својата професионална кариера.
„ Можноста поголема е за адаптација во надворешна средина и за максимално допринесување за таа нова работна средина. Така што, најверојатно склопот на особини коишто го дефинираат новиот македонски печалбар од лекарската фела“, вели Кочоски.
Тој притоа објаснува и зошто Германија е главната дестинација на македонските лекари емигранти. „Преголемата апсорптивна моќ на Германија, можноста веднаш да се почне со платена работа додека се завршува т.н. пробација, можност за добивање платена специјализација, одлични услови за одмор, дополнителна работа, платени дежурства. Дополнително сè она коешто нас ни недостасува во оваа држава“, истакнува Кочоски.
Секој еден од нас треба да ги засука ракавите, да работи до последно и на тој начин да допринесе секој во својата средина да го восприеми системот на вредности како секој од нас би можел да ги оствари своите амбиции и цели во оваа држава, за да може кадарот да остане, народот да не се иселува“, вели Брзанов.
Без подобрување на статусот и стандардот, покрај во Хипократовата заклетва, младите лекари „ќе се колнат“ и во Германија.