До крајот на годината како што деновиве соопшти министерот за здравство, Венко филипче веројатно е да се донесе конечната одлука дали државната детска кардиохирургија ќе се пресели во приватна болница или не.
-Станува збор за еден процес за кој што сериозно размислуваме да влеземе, а одлуката се уште не е донесена. Јас би ги потенцирал предностите и бенефитите кои ги очекуваме од еден ваков проект. Секогаш се обидуваме да излеземе пресрет на барањата на граѓаните, а децата секогаш ги ставаме на прво место, рече Филипче.
Според него не се работи за селење на кадарот во приватни болници. Но, со идеjата за префлување на дејности во приватни клиники се отвораат многу прашања што со персоналот што работи во јавните здрвствени установи, што со капацитетите што ги има во јавното здравство…?
Сепак министерот Филипче посочува дека секаде каде има простор да се спојат приватното здравство и државното здравство за да се подобрат условите, има логика да се разгледаат овие модели. Сето ова како што вели ќе биде додека да се изгради клиничкиот центар. Нов клинички, односно неговата изградба е познато дека нема да биде во блиска иднина. Проценките говорат дека е можно тоа да се случи евентуално околу 2030 година.
Филипче објасни дека кардиолошките операции и кога ќе се извршуваат во приватна болница ќе бидат на товар на Фондот, а буџетот за оваа намена, ќе остане ист.
Иако освен што министерот вели дека се разгледува уште каде ќе се прават операциите или со која приватна клиника ќе се направи приватно јавно партнерство, за Здравство.мк од Жан Митрев Клиниката неодамна дадоа јасен одговор.
Како што информираа од Жан Митрев Киника, истата со Фондот за здравствено осигурување има договор за детска кардиохирургија, повеќе од 18 години и како што велат работат детска кардиохирургија на деца постари од една година.
-До сега имаме направено над 1000 операции, воедно и минимално инвазивни процедури, информираат од Клиниката. Новина, велат од Клиниката, е само новороденчињата да се приклучат на тоа што е веќе договорено со ФЗОМ.
Во однос на тоа дали се потребни подготовки од Клиниката велат дека располагаат со се што е неопходно.
-Практично не ни се потребни никакви подготовки, тие луѓе што се бават со овој дел од кардиохирургија на новороденчиња, поминуваат во нашиот тим и веднаш се продолжува со сите активности, велат од Клиниката. Оттаму информираат дека „буџетот од ФЗОМ, останува истиот што и така се плаќаше до сега, кој дел завршуваше во странство или се исплаќаше на странски екипи, кои повремено доаѓаа да вршат такви операции“.