Денес министерот за здравство, Филипче не одолеа да се пофали на својата ФБ фан страна дека заедно со сопругата на Заев бил во посета на децата од Клиника за детски болести. Со што на својата ФБ фан страна напиша – „Со новогодишните пакетчиња, подарок од г-ѓа Заева, посакавме добро здравје и безгрижно детство. На дечињата им посакувам што побргу да оздрават и да си заминат дома, и да уживаат во новогодишните празници“.
Филипче после година дена се сети дека постои Клиника за детски болести токму сега пред новогодишни празници. Народот прашува каде беше министерот кога немаше постелнини за децата, кога се обезбедуваа од донации наместо тој да инвестира? Каде беше министерот кога во клиниката беше пукната цевка три дена?
И министерот е задолжен да обезбеди, а не да посакува добро здравје и безгрижно детство. Бидејќи тој е власт и тој треба се да направи се што е можно за доброто и здравјето на граѓаните и децата, бидејќи тој е платен за тоа и има одговорност истото да го спроведе.