Денеска излезе вест дека пет деца од градинка во Радишани се заразени со морбили. Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека ќе излезат веројатно со препорака да се затвори градинката, родителите децата да не ги носат по другите градинки, туку да ги чуваат дома некое време ако евентуално биле во контакт, па се заразиле. Филипче додаде дека се во координација со Министерството за труд и социјална политика.
Изминатиов период градинките ги тресат многу скандали. Имено во некои градинки се појави дури и Коксаки вирусот. Морбили, грип, вируси се секојдневие во македонските градинки. А, сето тоа се случува поради нехигиената, децата што не ги советуваат секојдневно да ги мијат рацете, не се проветрува, не се врши дезинфекција што е доста важно за креветчињата на децата, а и да бидат оддалечени еден метар и половина едно од друго. Тоа треба да биде пракса заради заштита од било која инфекција.
Освен заболувањата што се секојдневие во градинките, се вработуваат дури и несоодветни лица со соодветно образование и нашите деца се подложни на психичко и физичко малтретирање, кои оставаат трајни трауми врз малите деца.
Можеби е време Филипче и Цароска да преиспитаат во какви услови и во какви раце се оставаат нашите деца, бидејќи децата сепак се иднината на нашата земја.