Грицкање на нокти

Сите го знаеме звукот кога некој до нас грицка нокти. Оваа навика, која се смета за валкана и нездрава, всушност и не е толку лоша. Едно неодамнешно истражување покажува дека децата кои ја имаат оваа навика имаат помала веројатност да добијат некои алергии. Во истражувањето биле собрани 1.000 деца од 5 до 11 години кои ги грицкаат ноктите или ги шмукаат палците. Се покажало дека децата кои ја имаат оваа навика (31 процент) се помалку чувствителни на алергии отколку останатите. „Ние не ја охрабруваме оваа навика, но сепак има позитивна страна “ – изјавува Маком Сеарс, професор од Школата за медицина на Универзитетот „McMaster“.

Гестикулии

Без разлика дали станува збор за дома или на работа, седењето по цел ден не е здраво. Некои луѓе имаат навика постојано да мрдаат со рацете или нозете како резултат на нервоза или нетрпеливост, односно да гестикулираат. Оваа навика може да одвлекува внимание и да биде многу здодевна за тие во близина, но едно истражување покажува дека може да помогне против ефектите од седењето во подолг временски период. Од 1999 до 2002 година истражувачите набљудувале 12.000 жени и ја мереле стапката на морталитет кај истите во текот на следните 12 години. Жените кои гестикулирале почесто и седеле од 5 до 6 часа дневно имале помала стапка на морталитет од оние кои седеле 7 или повеќе часа на ден и поретко гестикулирале.

Пеење под туш

Во еден момент или друг, сите ние сме слушнале некој како пее под туш, или ние сме биле таа личност. Доколку пејачот нема талент, оваа навика може да биде многу здодевна, меѓутоа пеењето може да ни го зајакне имунолошкиот систем и помага во борбата против депресија и удари. Левата страна од нашиот мозок, која е одговорна за логика и анализа, троши 85 проценти од нашето време додека пееме, предизвикувајќи нашата десна страна на мозокот, одговорна за креативност и емоција, да се наполни. Пеењето е една од неколкуте активности кои можеме да ги извршуваме за да помогнеме да се наполни нашиот мозок, според „Huffington Post“.

Свиркање како птица

Едно мало истражување од Медицинскиот колеџ во Непал покажа дека свиркањето од 5 минути може да го намали крвниот притисок. На 50 учесници им било кажано полека да вдишуваат 5 секунди, а потоа да издишуваат за најмногу 15 секунди, притоа свирејќи при издишувањето. По 5 минути од оваа вежба, крвниот притисок на учесниците им бил помал отколку претходно, со мал пад на срцевиот ритам.