Доктор Игор Николов е вонреден професор на Медицинскиот факултет, нефролог, член на еминенти меѓународни асоцијации, со богато искуство низ светските клиники, иницијатор за организирање на здравствениот систем во Македонија во период на корона пандемијата, во првите редови при првите ротации на Клиниката за инфективни болести на почеток на корона епиемијата во Македонија итн.
Попознат меѓу пријателите како Гила, доктор Николов е виш научен соработник кој има завршено Медицински факултет, а од 2001 година има лиценца за работа како лекар, по што се вработува на Клиниката за нефрологија. Специјализацијата по интерна медицина ја завршува во Македонија, а во март 2019 година се стекнува со титулата супспецијалист по нефрологија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Но, освен овој дел доктор Николов има богато меѓународно искуство. Како стипендист на Агенцијата за интернационална размена на француската влада, во 2006 година завршил магистерски студии на Универзитетот Пикарди во Амиенс, Франција и се стекнува со титулата магистер на медицински науки. Како стипендист на Француското здружение за нефрологија, во декември 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Пјер и Марија Кири – Париз 6 и се стекнал со титулата доктор на медицински науки. Станува збор за Универзитет рангиран на шесто место во Европската унија. Или што би рекле меѓународно признат, дома почитуван.
Освен усовршувањето во Франција, тој таму и работи. Во периодот ноември 2014 до октомври 2015 е избран за визитинг професор на Факултетот за медицина во Тулуз Рангеј, Франција. Во истиот период бил координатор на проектот за универзитетска соработка и стручна размена на лекари помеѓу Франција и Македонија подржан од Агенцијата на франкофонски универзитети.
На Медицинскиот факултет доктор Игор Николов во 2003 година е избран за помлад асистент по предметот интерна медицина. Оттогаш изведува практична настава за студентите по медицина и стоматологија, како и по предметите интерна медицина и интерна пропедевтика. Реизбран е во истата титула во 2009 година, од кога и одржува вежби за студентите по медицина и стоматологија, а по предметите клиничко испитување, интерна медицина, ургентна медицина, и фамилијарна медицина. Во зимскиот семестар 2009-2010 година, од студентите на медицинскиот факултет бил оценет како најдобар асистент по предметот интерна медицина. Во 2020 година е избран за виш научен соработник, односно вонреден професор на Медицински факултет во Скопје.
Доктор Игор Николов е и долгогогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има придонес во неколку области и повеќе тела на партијата. Член на ВМРО- ДПМНЕ е од април 1998 година, а сега актуелен претседател на Републичка комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот 2017 – 2020 година е член на Извршниот комитет.
Претходно бил копретседател на Републичка комисија за здравство на ВМРО- ДПМНЕ, член на Републичката комисија за семејни прашања и демографија на ВМРО-ДПМНЕ, член на Републичката комисија за економија и дијаспора на ВМРО- ДПМНЕ, член на Комисија за здравство при ОК Кисела Вода (2011-2014), член на Комисија за здравство при ОК Бутел (2009-2011).
Кога се зборува за доктор Игор Николов и неговите активности во научно-истражувачка дејност, истите не се добројуваат. Затоа еве, само неколку:
За време на студиите бил учесник на 8 ЕУ студентска конференција, одржана во болницата Шарите во Берлин, бил учесник и на 24-ти Годишен источен студентски истражувачки форум, одржан во Мајами. Таму ја добива првата награда за усна презентација на клиничко-истражувачки труд.
По дипломирањето во јануари 2003 и 2005 година учествувал на 3-тиот и 5-тиот Постдипломски курс по нефрологија, во организација на ЕРА-ЕДТА (еминенти нефролошки асоцијации), одржани во Прага. Николов бил дел од нефролошките активности на болницата „Некер“ во Париз, одржувани годишно од 2006 до 2010 година.
Доктор Николов е дел од ЕРА-ЕДТА конгресите одржани во Глазгов и во Стокхолм, 2006 и 2008 година. Во 2008 година присуствувал на семинари за уро-нефрологија, одржани во Париз.
Во учебната 2008/2009 година посетувал предавања од супспецијалноста нефролитијаза и под раководство на професор Лакоур и професор Кнебелман и следел пациенти со ренална литијаза. Во 2016 година во Болницата Св.Луј во Париз, посетувал клинички курс по ехостетоскопија во рамките на обуката на специјализантите на клиниката за воведување на оваа метода како рутинска.
Круна на достигнувањата е членувањето во докажани меѓународни институции, или ллен е на Европското здружение за нефрологија (ЕRА-ЕDTA), Француското здружение по нефрологија, како и на Франкофонското здружение за трансплантација. Секретар е на Балканска медицинска унија (Union Médical Balkanique), асоцијација која ги обединува лекарите франкофони на Балканот.
Доктор Игор Николов воведува метода на морфолошка анализа и класификација на калкули од урогенитален тракт, која се изведува на Универзитетската клиника за урологија и Универзитетската клиника за нефрологија, за што има добиено награда од Европската асоцијација за урологија. Како шеф на одделот за Трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија во периодот 2013-2014 година, активно учествува во реактивирање на процедурата на трансплантација на органи од кадаверичен дарител. Во 2018 година во Клинички центар Мајка Тереза иницира воведување на метода за биопсија на бубрег под компјутерска томографија.
Игор Гила Николов е познат и како доктор кој беше во првите борбени редови против короната. По појавување на првиот случај во Македонија на 26 февруари 2020 година и по најавата за првите ротации, тој веднаш се вклучува во тимот на Инфективната болница.
Но, неговите активности не завршуваат тука. Напротив, Николов борбата ја продолжува и на полето на организација на здравствениот систем во период на пандемија со корона. Активностите во ВМРО-ДПМНЕ на овој план ги предводи тој како претседател на Републичката комисија за здравство, од детектирање на слабостите на системот, до нудење предлози.