Податоците од Лекарската комора на Македонија покажуваат дека во 2018 година секој ден од земјава си заминува по еден лекар. Според објавената графика на reflektor.mk за 8 години од државата заминале 1207 лекари. Се поставува прашањето дали здравствените власти на чело со министерот Венко Филипче се свесни дека во блиска иднина ќе нема кој да ги лекува граѓаните бидејќи состојбата со одливот на медицински кадар во странство станува е повеќе од алармантна. Но, според според фактичката состојба Филипче нема “абер” да превземе итни мерки за да ги задржи лекарите дома.