Денес излегоа на прес конференција Филипче и Дончев да го дообјаснат нивниот предлог проект кој беше најавен уште пред месец дена за преземање на Детската Кардиохирургија од страна на приватната клиниката „Жан Митрев“ .
При самата прес конференција и двајцата посочија дека Фондот за здравствено осигурување нема да даде повеќе пари за нивното одржување. Но според одредени неофицијални податоци кои излегоа низ медиумите дека веќе не е точно дека иста сума на пари Фондот има дадено, туку 15% повеќе.
Доколку оваа неофицијална информација е точна, тогаш кого лажат Дончев и Филипче?
Секоја информација ќе се дознае, за тоа е најголемиот доказ кога Филипче најави префрлување на Детската Кардиохирургија во приватната клиниката „Жан Митрев“, а Владата молчеше и негираше.
Ако се испостави дека веќе имаат дадено 15% повеќе од предвиденото, тогаш само Филипче ќе докаже дека на преден план му е полнење џебови на одредени поединци, а не развивање и унапредување на здравствениот систем.