Што ќе донесе јавно-приватното партнерство во здравството? Ќе се затворат ли дел од државните болници? Власта со контрадикторни изјави. Министерот за здравство тврди дека болници нема да се затвораат.
И додека првиот човек во здравството зборува за уривање на бариерите меѓу јавното и приватното здравство, претседателот на Владата побара конкурентност помеѓу јавните и приватните здравствени установи.
Премиерот Зоран Заев пред неколку недели од трибина порача дека доколку не даваат квалитетни здравствени услуги, било да е болница, клиника или амбуланта ќе добие клуч на врата.
Како точно ќе функционира јавно приватното партнерство во здравството и во кои се сегменти ќе биде применето, ќе се знае за неколку месеци, откако ќе завршат физибилити студиите кои ги спроведува министерството за здравство.