Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.