На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.