Неодамнешна студија направена на основа на повеќе од 450.000 податоци, открила дека врелиот чај ако се консумира со цигари и алкохол, може да предизвика рак на хранопроводникот.
Меѓународната агенција за истражување на рак (IARC) предупредува на консумацијата на пијалаци кои се потопли од 65 степени. Топлината може да предизвика мали повреди и да доведе до развој на рак.
Секој кој редовно пуши или пие алкохол има пет пати поголем ризик од развој на рак на хранопроводникот, се наведува во студијата.
Студиите покажуваат дека земјите познати по пиење чај имаат висок број случаи карцином на хранопроводникот. Во земјите како Англија и Јапонија, чајот обично се консумира на температура под 60 степени.
Следниот пат кога ќе одлучите да зготвите шолја чај, оставете да се излади околу четири минути.