Во поликлиниката „Јане Сандански“ денеска пристигна новата донација на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Амбасадорот на Народна Република Кина изјави дека со оваа донација се демонстрира духот на пријателството меѓу двете земји.
Во Република Македонија во тек е процесот на масовно вакцинирање на населението во неколку регионални пунктови. Министерот Филипче деновиве посочи дека приоритет се става на повозрасните граѓани над 70 години, а на оние места каде ќе се исцрпи бројот на повозрасни, ќе се вакцинираат помладите лица, прво над 40 години, а потоа и помладите. Тој апелираше до сите заинтересирани за вакцинирање да се пријават на страна вакцинација.мк каде ќе можат да закажат термин во соодветните вакцинални пунктови.
Од денеска започна вакцинирањето на пациентите на дијализа и лицата со трансплантација, а лицата со ретки болести ќе се вакцинираат идната недела.
– Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, рече Филипче.