Доказ дека се што промовира министерот за здравство Венко Филипче пропаѓа , е и примерот со планот за промоција на јавно приватно партнерство во здравството кое требаше да стартува на почеток на месецов и тоа во областа детска кардиохирургија. Министерот за здравство, Венко Филипче дури и даде зелено светло вработените од Клиниката да се префрлат во приватно здравство. Но, поради главниот македонски хирург, Владимир Чадиковски тимот не може да се комплетира.
Упатени во проблематиката велат дека проблеми настанале кога експертот од Бугарија кој практично ќе треба да биде главен на дел од операциите не дал согласност. Имено, според наши извори тој не се согласува да работи со Чадиковски.
Дека ќе се работи со експерти од Бугарија потврди и министерот Филипче кога се потпишуваше договорот, минатата година во декември, со Жан Митрев Клиника.
-Во контакт сме со колегите од Бугарија за децата кои се кај нив оперирани и што ги водат и подготвени се ако има потреба да дојдат и да им помогнат на нашите лекари, рече Филипче.
Сепак сега за сега овој проект најавен од министерот останува нереализиран, иако поради ова се дигна голема прашина од страна на јавноста и вработените од самата Клиника.