Овие деца се пациенти на клиниката за детски болести, немаат можност да одат во градинка или училиште, 14 од нив се на одделот за хематологија и онкологија.
Повеќето деца цела учебна година се тука се лекуваат, но книгите и училиштата се далеку од нив.
Од денеска се отвора центар на иницијатива на здружението „Борка“, каде ќе се ангажираат учителки од општина Центар а водено во центарот ќе има и психо- социјална помош на децата и нивните родители.
Пред скоро половина година одделот за хематологија беше затворен поради недостаток на медицински сестри. Одтогаш се вработија 40 и има нов кадар на психолози, но директорката на детска клиника вели дека треба уште медицински кадар.
Министерот најави дека се прави анализа кои доктори од кои специјалности и период ќе треба да се пензионираат и врз основа на тоа да има нови вработувања и специјализации.