Најголем процент на екстремно дебели деца е утврден кај деца од второ одделение и деца од предучилишна возраст и овој процент е во раст во последните четири години, покажаа анализите за минатата година на Центарот за јавно здравје Битола. Кај оваа возрасна група на деца 24 % од испитаниците имаат зголемена телесна тежина од кои екстремно дебели се 8.2%.
- Кај нив е утврден највисок процент на екстремно дебели деца и тој процент е со тенденција со пораст од 2014, па со до 2017 година, што претставува аларм, предупредувачки знак бидејќи таа состојба може да се рефлектира понатаму, изјави д-р Емилија Богоевска, Центар за јавно здравје Битола.
После нив се децата од претшколска возраст. Кај нив вкупно 7% од децата имаат зголемена телесна тежина, а екстремно дебели се 5%. Најмал процент на екстремно дебели деца има кај децата од прва година, што е позитивен индикатор според лекарите. Причините за оваа состојба се неправилниот начин на исхрана кај децата. Иако училиштата имаат голема улога во превенција на дебелината, Сепак главната улога ја имаат родителите бидејќи навиките потекнуваат од дома, велат лекарите.
- Во последно време е полесно на децата да им дадеме пари за да си купат за јадење отколку да им приготвиме сендвич. Скоро во секое училиште постои кантина или продавница каде се продава чипс, грицки, газирани напивки, вели д-р Богоевска.
Препорачуваат, промена на навиките на исхрана пред се намалување на достапноста до нездрава храна, промена на стилот на живеење и промоција на физичката активност од страна на младата популација.