Кризниот штаб во Србија донесе одлука учениците да не одат на училиште

Србија ги заостри ковид мерките поради високиот број на заразени со коронавирусот. Досега ковид потврди се бараа само по 22 часот, сега тоа ќе важи од 20 часот. Работното време…

Србија ги заостри ковид мерките поради високиот број на заразени со коронавирусот. Досега ковид потврди се бараа само по 22 часот, сега тоа ќе важи од 20 часот. Работното време на угостителските објекти сега се скратува и тие ќе можат да работат до полноќ. Овие мерки отсега ќе важат и за казината и обложувалниците.

На седницата на Кризниот штаб беше усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците од Србија да не одат на училиште од понеделник, 8 ноември до петок, 12 ноември, соопшти Министерството за образование.

– Од 8 до 12 ноември ќе трае продолжениот есенски распуст за учениците, најави министерот по седницата.

Во Србија досега над 10.000 луѓе починаа од коронавирусот. Дневно има по 5.000 до 7.000 заразени со вирусот.


Related Articles

Србија се подготвува за воведување ковид-сертификати во барови, ресторани и кафулиња

Србија најави дека земјата се подготвува за воведување на ковид сертификати, кои ќе важат во простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а степенот на заразување е висок….

Србија најави дека земјата се подготвува за воведување на ковид сертификати, кои ќе важат во простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а степенот на заразување е висок.

Ова вчера го најави премиерката Ана Брнабиќ, по лошата епидемиолошка состојба кај нашиот северен сосед.

– За сертификатите да бидат согласно Уставот и човековите права, ќе бидат воведени во простории каде што не е неопходно да се престојува, а степенот на заразување е висок. Тоа се барови, ноќни клубови, ресторани, кафулиња на затворено, рече Брнабиќ.


Related Articles