Во текот на изминатата недела, регистрирани се 4 смртни случаи поради компликации од грип, од кои двајца од Скопје, и по еден од Охрид и Тетово.
Возраста на починатите се движи од 50 до 73 години. Кај две лица утврдена е претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет. Во текот на 10-та недела од 2019 година, пријавени се 2.429 случаи со заболувања и симптоми на грип, што е за 9,3% намалување во споредба со претходната недела.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 17.630. Во текот на сезоната 2018/19, регистрирани се вкупно 15 смртни случаи со компликации од грип, на возраст од 5 до 86 години.
Но и покрај сето ова министерот Филипче успеа да прогласи епидемија од морбили со само 13-сет заболени и статусот епидемија сеуште не е тргнат иако има во моментот, после неколку месеци само 30-тина заразени што лежат на клиниката за инфективни болести и приближно 10-тмина кои се на домашно лекување.
Од друга страна пак со вкупно преку 2000 илјади лица заразени од свински грип во моментот и преку 17 илјади вкупно заразени во оваа сезона, при тоа со 15 лица починати министерот Филипче ниту прогласува ниту има на ум да прогласи епидемија.
Зошто? Каде е министерот да објасни, дали во наездата на свински грип нема доволно пари во вакцините, па поради тоа и нема статут на епидемија? Кои се причините кои ги крие министерот Филипче и поради кои причини со толкава бројка на заболени не се прогласува епидемија сеуште? Доста министерот мисли само на својот џеб! – тоа беа само дел од прашањата упатени кон министерот како и коментари за неговото работење од страна на пациенти и граѓани со кои се сретнавме во клиничкиот центар