Вчера во главниот град се одржа јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, која ги интегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место.
На веб-страницата има посебен дел посветен на имунизацијата со што им овозможува на родителите, старателите и на јавностa пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место. Веб платформата ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска поддршка од УСАИД.
На презентацијата се обратија министерот за здравство Фатмир Меџити и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани. Претседателката на Националниот комитет за имунизација д-р Александра Грозданова зборуваше за делот за имунизација, а Елица Стојаноска, претставничка од „Мој Термин“, ја презентираше платформата „Е-Здравство“.