Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1. Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 148 оздравени пациенти од: Скопје – 80, Битола – 26, Велес и Гостивар – по 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Охрид и Гевгелија – по 3, Куманово, Кочани, Струга и Неготино – по 2, Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 23.03 до 30.03.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.