Во Скопје 290 случаи на позитивни и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат во ковид центрите

Во текот на изминатото деноноќие, во главниот град вкупно 290 случаи на сомнителни и позитивни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во ковид центрите. За 24 часа вкупно 8…

Во текот на изминатото деноноќие, во главниот град вкупно 290 случаи на сомнителни и позитивни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во ковид центрите. За 24 часа вкупно 8 нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од корона вирусот.

Според информациите кои пристигнуваат од Министерството за здравство, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден. На интерните клинии во комплексот „Мајка Тереза“ имало само 2 приеми.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.


Related Articles