Американско – македонски симпозиум од областа на „Акушерска анестезија и периоперативна безбедност“ ќе биде отворен вечер во Скопје, во организација на Македонската асоцијацијата на анестезиолози.
Симпозиумот, кој ќе трае до 15 април, ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ проф.д-р Никола Јанкуловски.
На симпозиумот ќе учествуваат експерти од Македонија, Србија, како и од повеќе универзитети во Америка.