Граѓаните се повеќе го креваат гласот и револтот кон министерот за здравство, Венко Филипче поради неговата неодговорност и неажурност. Поради неговата неодговорност се ставаат на коцка здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија.
Граѓаните сакаат да знаат до каде е тендерот за лекови за ретки болести? Бидејќи поради неговото задоцнување со распишување на тендерот за лекови за ретки болести може и поблиските роднини и деца на граѓаните да умрат. Министерството за здравство е глуво на прашањата на граѓаните кои ги пишуваат по социјалните мрежи и ги прозиваат, дури не се јавуваат ни на телефонските повици.
Венко Филипче го споредуваат и со Тодоров, дека тој ќе биде неговиот наследник и ќе стане втор министер за смрт, не за здравје, а на добар пат е да стане. Дури и се повикува на протест за да се изрази револтот на граѓаните поради неажурноста на овој министер кој гледа само неговите бизниси да цветаат.