Со завршена кровната реконструкција и надеж дека нема повеќе да лие вода, вработените во градска болница биле задоволни, но задоволството кратко траело при првиот посилен дожд кровот попуштил.
Тоа било уште пред година дена, сега се местат кофи кога ќе заврне се поместуваат пациентите со се креветите. Најстрашно е на одделението за трауматологија каде што сите пациенти се оперирани, а неподвижни, освен тоа и влагата ја нагризува електричната инсталација.
Кровот е изработен од лим, одводите биле додадени отпосле. Вработените се сомневаат дека фирмата изведувач заборавила да ги постави навреме. Друга фирма изградила лежиште за лифт, но бетонската конструкција е искривена, а лифтот никогаш не е поставен. Тоа е како било направено и оставено да се користи, но што се случува сега, дали има промени, може ли некој да очекува некакви промени од вработените во оваа институција, конечно градска болница дали ќе добие нов кров, дали некој ќе се замисли во какви услови работат вработените во оваа институција, во какви услови се пречекуваат пациентите тука.
Министерот за здравство, Венко Филипче нема одговор, инститиуциите на власта немат решение и воопшто не ги интересира, таков заклучок изведуваат граѓаните бидејќи никој не се грижи ниту покажува дека се грижи за оваа зграда и тоа што функционира во и околу неа.
Случајно станала и останала болничка зграда, градска болница и оттогаш му пркоси на времето, болницата нема пари, за нов кров, институциите на власта немат слух. Разрешницата за овој објект во најава и под знак прашалник.