Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово , Тетово , Струмица, Кичево , Струга и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип – 12, Охрид и Ресен – по 9, Тетово, Струмица, Кочани и Неготино – по 7, Гевгелија и Делчево – по 6, Струга и Крива Паланка – по 5, Демир Капија – 4, Богданци – 3, Свети Николе, Кратово, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Макденоска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г) , Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.