За Филипче смешни се обвинувањата за злоупотреба на положбата при продажбата на фирмата Диамед која стопанисува со дел од Центрите за дијализа на шведската компанија Дијаверум. Десетина дена откако адвокатскиот тим на поранешните сопственици поднесоа кривични пријави во обвинителството против него и директорот на Фондот, министерот за здравство тврди дека нема основа за такво нешто. Филипче потврди дека ги предупредиле странските инвеститори дека се води истрага за концесиите за дијализните центри, а за тоа дознал од обвинителството кога побарале документи од министерството.
-Мислам дека такви обвинувања навистина смешно е да се прават. Влезе на нашиот пазар работи активно во сверата за дијализа. Мислам дека сето тоа нема никаква смисла ниту пак основа за да се прави, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
Според ВМРО ДПМНЕ Премиерот Заев вчера признал дека Филипче и Дончев ја злоупотребиле положбата при продажбата на Диамед.
-Зоран Заев вчера призна дека наводите во кривичната пријава против Ден Дончев и Венко Филипче се вистинити, Зоран Заев вчера призна дека се познавал и имал состаноци со Зоран Милески Кичеец, Зоран Заев вчера се обиде да го оправда „Рекет 2“, да ги заштити Ден Дончев и Венко Филипче, и тие да останат на своите позиции, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Од обвинителството информираат дека предметот е прераспределен кај јавен обвинител кој ги итражува наводите во кривичната пријава против Дончев и Филипче.
Од друга страна, обвинителството во посебен предмет веќе една година го истражува и случајот со концесиите за Центрите за Дијализа, па сеуште нема никаква разрешница.