Денеска, се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство. Наместо да се помогне и да се види што да се прави со новороденчињата што ги губиме, комитетот заседава, избира, се состанува, „работи“… од денешната „работа“ произлезе изборот на нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство кој за големо чудење испадна дека е доц. д-р Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, не дека се очекуваше она да биде.
Останатите членови на комитетот се исто така „експерти“ кои дојдоа заедно со животот кога пристигна и тоа сега се лица со медицинска експертиза и долгогодишно искуство во областа на гинекологијата, акушерството, неонатологијата, педијатријата и сродни дисциплини, кои за да може да му помогнат како советодавно тело на министерот за здравство Венко Филипче, ќе се среќаваат, состануваат, одржуваат средби и седници на комитетот, а се со цел да обезбедат сеопфатен пристап кон решавање на проблемите како што е смртноста кај новороденчињата во претходниот период.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, изрази силна поддршка за работата на комитетот за безбедно мајчинство бидејќи без неговата заложба и „помош“ во изминатиов период немаше да се постигнат резултати кои се скоро невидливи.
Што ќе застапува и кого овој комитет, претседателката и неговите членови, дали ќе бидат непродуктивни и неефикасни како досега и седниците и средбите ќе им бидат само причина за добивање на дополнителни дневници, паушали или што и да е како бенефит на ова тело и неговите членови, тоа тек допрва следи, времето ќе ги презентира доблестите и бенефитот од постоењето на еден ваков комитет и назначувањето на новиот претседател Данева Маркова, што од тоа ќе им оди во прилог на новороденчињата, ќе дознаеме!