Најголемата парадоксална изјава која што можеше да се слушне во текот на изминатиот ден е изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, на еден од македонските медиуми. Министерот кој е лично одговорен за смртта на 28 пациенти кои починаа од грип. Родителите и пациентите коментираат, Филипче како министер е толку неспособен што неможе ниту една епидемија од морбили да угаси, да ја стивне, да ја снема. Со тоа што изјавува дека ја контролира исто како ништо да не направил.
За пуст профит, војни се воделе, држави се прекројувале, илјадници ги изгубиле своите животи. Министерот Филипче како себичен, тоталитарен и алчен министер за здравство како што и се доживуваа и покрај 30-тината починати лица од грип, одговорност кај него нема и тој не чувствува иако е лично виновен за нивната смрт. Не се сконцентрира да ја угаси наездата на грип која зафати преку 20000 илјади луѓе, туку е сконцентриран на морбилите, ги одржува, ги продолжува и постојано не ја стивнува епидемијата само ЗА ЛИЧЕН ПРОФИТ по вакцина. Веќе три месеци македонските граѓани се под присилба, притисок и уценети дека ако министерот не биде задоволен со процентот од вакцините епидемијата ќе ја продолжи и понатаму – посочуваат револтираните родители преку социјалните мрежи
Во цивилизациски развиени, европски и западни земји кон кои наводно тежнее оваа влада, после еден скандал на министер од било кој ресор тој си дава неотповиклива оставка или е разрешен од функцијата. Тука имаме три месеци епидемија, неколку наместени тендери во 4-ри очи, неспособност демонстрирана за да се води здравството во Македонија, но и покрај се Филипче останува да биде министер! Нека објасни премиерот воден од СДСМ како, нека објасни министерот како? Граѓаните прашуваат, КАКО? Вака ли се планира и понатаму да се води државата со лаги и манипулација на граѓаните за личен профит?
Ова е изјавата на министерот Филипче на медиум во македонскиот етер која ја даде и остана и продолжи да биде министер:
– Во однос на морбилите се очекуваат нови случаи да се појават и во наредниот перид, но дека нема потреба од стравување. Министерот Филипче рече и дека планот за регионализацијата е рационален потег за државата. Дел од клиниките ќе се реновираат за да се подобрат условите до изградбата на најавениот Клинички центар.
Се што може да се продаде е целта на овој министер, на оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев! Ќе доживеат ли македонските родители епидемијата од морбили да стивне со ваков министер? Каде е министерот да даде одговор, некој од одговорните во владата да дадат одговор на овие прашања – прашуваат родителите, пациентите со кои разговаравме низ клиничкиот центар