Двајца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња во изминатите два дена.
Вчера во 12.45 часот во Полициската станица Кисела Вода А.Н. (34) пријавила дека на 4 мај околу 18.00 часот во населбата Пинтија во близина на нејзиниот дом била нападната од две кучиња-скитници и уште едно куче Лабрадор, по што едно од кучињата-скитници ја каснало за десната подколеница.
Во полициската станица Гази Баба вчера во 17.00 часот И.У. (77) пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во Автокоманда бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.