Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани се 390 оздравени пациент од: Скопје – 167, Куманово – 45, Велес – 27, Кавадарци – 21, Тетово и Штип – по 16, Кочани – 15, Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10, Гевгелија – 7, Свети Николе и Крива Паланка – по 5, Кичево, Струга и Валандово по – 4, Радовиш, Виница и Кратово – по 3, Неготино и Богданци – по 2, Пробиштип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.