Се подразбира дека не постои напивка која магично ќе ве натера да ослабете преку ноќ. Сепак, чајот од нане може да биде многу корисен ако се обидувате да се ослободите од салото од стомакот. Нутриционистката Кортни Д’Анџело вели дека чајот од нане е еден од најдобрите пијалоци за слабеење.
-Нема калории. Има сладок вкус и ќе можете да го намалите апетитот и желбата за слатки. Покрај тоа, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Ги решава и дигестивните проблеми, објаснува таа.
Истражувањето објавено во “Journal of Clinical Gastroenterology” покажало дека учесниците кои консумирале нане можеле да го ублажат синдромот на нервозно дебело црево. На овој начин ја намалува и надуеноста на стомакот. Ги ублажува грчевите на мазните мускули, кои можат да бидат предизвикани од менструалниот циклус.
Овој чај не содржи кофеин, а позитивно влијае и на менталниот капацитет. Истражувањето покажа дека нането го подобрува расположението и меморијата.