За девет месеци откако е директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Ден Дончев речиси и да го нема во јавноста. Освен на две-три прес конференции од кои на едната со тогашниот министер за здравство Арбен Таравари и не сакаше ниту да одговара на прашања туку ги повика новинарите на брифинг во најблиското бифе и неколку интервјуа за “омилени” медиуми на кои се обидува да поентира, останатите медиуми, а со тоа и поголем дел од јавноста не можат да добијат никаков одговор ниту став од ФЗОМ за било која тема. Од оваа институција на цело со Дончев секогаш одлучуваат да молчат. Но, затоа Ден Дончев во интервјуа сака да говори на теми кои не се во негова директна надлежност. Се меша во надлежностите и на МАЛМЕД (Агенцијата за лекови) и на Министерството за здравство, а не го решава сериозниот проблем зошто уште во првата недела од месецот нема лекови на рецепт во аптеките што е меѓу основните дејности на Фондот па граѓаните мораат да плаќаат од џеб за неопходната терапија. Ова со месеци е загрижувачка состојба, но за Дончев загрижувачки е зошто операционите сали во некои болници и Клиники се полоши од кланиците во Швајцарија (ова е проблем на министерството за здравство) бидејќи улогата на ФЗОМ во здравствениот систем е да купува здравствени услуги за осигурениците. И навистина состојбата со операционите сали е лоша, но ако токлу е загрижен директорот на ФЗОМ Ден Дончев за девет месеци директорување можеше да иницира или да даде повеќе пари од буџетот барем на една Јавна здравствена установа и да се реновира барем една операциона сала, а девет месеци се доволно време да се направат девет операциони сали.
И не мора Ден Дончев да го има во јавност, но барем да сработи некој проект за доброто на пациентите!