Не можам да одам да направам мамографија нема термин, преглед за урологија не може да ми закаже матичната…ова се само некои од проблемите со кои граѓаните се среќааваат секојдневно.
-Не дека сме среќни со закажување преку Мојтермин, туку сега е проблем што матичните лекари не можат да ни закажат преглед или имаат забрани и ни велат системот не ни дозволува или нема термини, сведочи револтиран граѓанин кој го сретнавме во клиничкиот кампус Мајка Тереза.
Од друга страна матичните лекари не можат да одговорат на сите потреби на пациентите, туку како што велат има случаи кога мора да се упатат на специјалист.
-Често се случува за многу од клиниките да нема термин. Граѓаните пак често инсистираат и на одредени клиники, на пример не во Грдаската општа болница, туку на клиника. Кај граѓаните имаат свои барања, а дополнително на тоа ниту системот не функционира како што треба, вели за Здравство.мк, матичен лекар.
Познавачите на приликите пак велат проблем е со менаџирањето на клиниките.
-Доколку директорот прави план за три месеци за работа на одредена клиника, тогаш и докторите ќе може да имаат план и да се отворат термини, велат познавачите на приликите.
Колку за информација ако сакате да одите на Клиниката за кардиологија не може. За месецов сите термини се зафатени, а за декември не е отворен ниту еден. Слична е ситуацијата и на Клиниката за урологија каде нема термини за декември. На пример, за уролошки прегледи може да одите во Гостивар и Дебар.
На Клиниката за пулмологија на пример може да најдете термин за крај на месецов.
-За оваа Клиниката има мало олеснување веројатно зошто во амбулантата од неодамна има лекар кој е задолжен за лицата со приоритетни упати, вели матичниот лекар.
За сето ова коментираат упатените има револт кај здравствените работници, но и кај граѓаните бидејќи здравството е секогаш во фокусот.
Владата во предизборната програма пак ветуваше подобрување на функционирањето на Мој термин.
-Ќе го надградиме „Мој термин“ во систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно определени рокови и одговорност. Вака надградениот систем сериозно ќе го намали времето кое лекарите го трошат на административни работи, се вели во предизборната програма на СДСМ.
Но, наместо подобрување, сведочењата говорат за големи проблеми.