Во текот на вчерашниот ден вкупно 14 282 граѓани се вакцинирале, а прва доза вакцина примиле 1 255 лица. Ревакцинирани се 139 053, а аплицирани се вкупно 384 466 дози на вакцини. Заклучно со вчера во Македонија се вакцинирани вкупно 245 413 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Досега на веб страната вакцинација.мк интерес пријавиле вкупно 440 213 граѓани на државава. Интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува, а процесот се одвива согласно националниот план за имунизација, посочуваат од министерството за здравство.
За потсетување, вакцинирањето се одвива во неколку градови низ Македонија и тоа во: А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Од МЗ апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на вакцинација.мк бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.