За 24 часа 15 лица се хоспитализирани поради компликации од Ковид-19, а 263 се лекуваат

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат…

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 105 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.


Related Articles