Се уште не се готови резултатитите од обдукција, кои треба да покажат од што почина родилката во штипската болница. Хистопатолошките испитувања одземаат дополнително време, потврдуваат од Судска медицина. Комисија за случајот формираше и Министерството за здравство, која исто така ги чека резулатите од обдукција, а до крајот на оваа недела членовите на комисијата ќе заминат во болницата во Штип да го испитаат случајот. Родилката била донесена минатата среда. Таа имала уредна бременост и се породила природно. На свет донела здраво момченце и било првата рожба.
Компликацијата со крварење настанала по породувањето, првична дијагноза била атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето.
Директорот на штипската болница уште пред неколку денови изјави дека тие направиле се за да го спасат животот на родилката..