Поради загадениот воздух во Скопје, Владата, како и Град Скопје во неделата усвоија итни мерки. Меѓу нив бесплатен јавен превоз, покачување на цената на паркингот… Цената на паркингот за 100 проценти се зголеми и на паркингот во рамки на кампусот Клиники Мајка Тереза. Граѓаните револтирано реагираа „па ние не сме овде со автомобил од ќеиф, туку од мака“.
-Мајка ми тешко се движи, а прима хемотерапија. Како тоа и овде паркингот поскапен и тоа толку, прашува револтиран граѓанин.