Коронавирусот во моментов е една од најлесно преносливите заразни болести на денешницава. Во светот повеќе од 17 милиони луѓе се заболиле од овој опасен вирус, а повеќе од 670 илјади го загубиле животот. Македонија е една од земјите во светот која се соочува со висок број на заболени на еден милион жители и токму затоа со вас сакаме да ги споделиме следниве здравствени состојби кои се сметаат за ризични и на кои треба да обрнете посебно внимание.
Според докторите овие пет ризични групи на пациенти имаат помали шанси да се излечат од коронавирусот и можат да завршат фатално:
– Лица со прекумерна тежина: Прекумерната тежина кај луѓето претставува висок ризик фактор дека ќе заболат од некоја сериозна болест или ќе починат од Ковид-19, велат експертите. Како се зголемува телесната тежина така се зголемува и ризик факторот, па така за овие лица се смета дека постои 75 проценти шанса да починат од коронавирусот.
– Висок крвен притисок: Лицата со висок крвен притисок имаат поголеми шанси да починат од коронавирусот од оние кои имаат нормален крвен притисок. Истражувачите водени од професорот Феи Ли и Линг Тао во болница во Кина утврдиле дека 34 од 850 пациенти со висок крвен притисок кои биле болни од Ковид-19 починале. Спротивно на ова само 22 пациенти од 2027, заболени со вирусот, а без висок крвен притисок, починале. Хипертензијата е на второ место како ризик фактор за фатален исход од Ковид-19.
– Болести на срце: Било кој што има некакво срцево заболување има зголемен ризик за многу посериозни компликации предизвикани од коронавирусот. Доколку имате над 70 години и одредени срцеви болести тогаш сте високо ризични пациенти, па затоа многу е важно да се заштитите себеси. Имајте на ум дека ако срцето ви е слабо или имате блокирани артерии телото вложува многу напор за да крвта и кислородот циркулираат по телото.
– Дијабетес: Доколку имате дијабетес тип 2 постои ризик фактор за посериозни копмликации предизвикани од Ковид-19. Но пациентите кои имаат дијабетес тип 1 имаат поголем ризик да починат од вирусот.
– Астма: Бидејќи астмата е болест на белите дробови, а знаеме дека Ковид-19 ги напаѓа респираторните органи, луѓето кои имаат астма се високо ризични пациенти. Последиците се цистична фиброза, алергија или други посериозни заболувања кои се појавуваат како последици од коронавирусот.