Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на вчерашниот ден при гостување на еден од медиумите во Македонија, негираше дека го замолил неговиот германскиот колега да не им дава работни дозволи на македонските медицински сестри кои си одат од Македонија.
Тоа е нормално и се очекува од тебе Филипче, толку те бива, таков министер си ти, неможеш да ги задржиш сестрите и докторите со подобри услови тука, па зошто да не им одмогнеш да си го најдат своето место под сонцето. Гледај да му бидеш пречка на секој Македонец и Македонка, немој ни случајно да обезбедиш подобри услови или нешто да смениш на подобро за да се сменат работите во здравството, ти применувај ги и практикувај ги добро познатите на тебе алатки: предавство, уценување, попречување, одмагање и правење лошо на секој кој што не ти е по мерак. – Посочија граѓаните во неофицијален разговор со нас.
-Убаво е да се работи дома. Во странство се работи многу и на поинаков начин. Можеби треба да ги зголемиме платите? Во однос на медицинските сестри, не сум го замолил германскиот колега да не им дава дозвола за работа. Го замолив да им овозможи да работат само дополнителна работа, малку таму, малку тука во Македонија.
Да се ротирале!!! Ех, јадни ние, кога сме оставени на тебе како министер Филипче, ти да ги одлучуваш судбините на медицинските лица во државата, а ти не можеш за себе да се грижиш. Не помагаш, Филипче, дај си оставка и откажи се додека не си направил поголема штета во здравството!!! – Апел од граѓаните